Кирил Георгиев победник на меѓународниот шаховски турнир „Голд Фелициа“

Во организација на Голд Фелициа, а под покровителство на спортските обложувалници „Евротип“, викендов во Битола се одржа меѓународниот шаховски турнир со учество на преку сто шахисти. Дел од најдобрите македонски шахисти и шахисти од регионот се бореа за високи парични награди во прекрасниот амбиент на „Голд Фелициа“.

Неколку часа траеше драмата во древната игра, по која шахистот со највисок рејтинг стигна и до првото место на турнирот. Поранешниот македонски репрезентативец, бугарскиот велемајстор Кирил Георгиев (2.583) освои осум од можните девет поени и суверено заврши на првото место. Косовскиот интернационален мајстор Ндерим Сарачи единствен му откина реми на Георгиев и тоа во последното коло, кога победникот беше извесен.

Албанскиот интернационален мајстор, Ламби Паско, со 7,5 поени го освои второто место, а третопласиран и најдобро рангиран македонски шахист беше прилепчанецот Ѕвонко Станојоски со 7 поени. Велемајсторот, кој ги брани боите за Алкалоид, имаше ист број на бодови како и Тони Лазов, споменатиот Сарачи. Рахул и Сејтај.

Андреј Вељановски со 6,5 поени беше најдобар шахист под 20 години, а Кирил Николовски со 6 поени најдобар под 16 години. 

Со оглед на масовната, условите, богатите награди и позитивните реакции на шахистите, веројатно овој турнир ќе стане традиционален. Битола, која има голема шаховска традиција, е град во кој партиципираат три шаховски клуба. Младите приврзаници на оваа игра ги има повеќе и повеќе и тоа може само да радува и да ветува. За пофалба е оштествената одговорност и несебичното вложување на спортските обложувалници „Евротип“, кои помагаат, организираат, мотивираат повеќе клубови, манифестации и спортски клубови. Нивната стратегија е од голема корист и бенефит за спортското движење.