Кинезот Лирен го понижи норвешкиот велемајстор Карлсен

Магнус Карлсен

Третиот рангиран шахист во светот Динг Лирен убедливо го совлада Магнус Карлсен со 3-1 и го понижи како никогаш досега во неговата кариера.

Сепак, се работеше само за последното коло во групната фаза од турнирот „Magnus Carlsen Invitational Chess 24“. На ред е полуфиналната фаза, каде овие велемајстори одново ќе застанат еден наспроти друг и ќе се борат за големото финале.

Во другото полуфинале силите ќе ги одмерат Хикару Накамура и Фабиано Каруана од Соединетите Американски Држави.

Форматот на одигрување на полуфиналните дуели и финалето останува ист: 15 минути по партија и 10 секунди за секој потег. Наместо „Армагедон“ партија, во оваа фаза ќе се игра дополнителен тај-брејк (пет минути за секој играч и три секунди за потег).