Кинезот Динг Лирен прв носител на Светскиот Куп во шах во Канти-Мансијск

Рускиот град Канти-Мансијск од вчера е поприште на Светскиот куп на Светската шаховска федерација (ФИДЕ).

Во многу силна конкуренција од 128 играчи од 47 земји, елитата ќе се бори за титулата, вредната награда од 110.000 долари за победникот (вкупен награден фонд предку еден и пол милион долари) и за предизвикувачката улога на светскиот првак Магнус Карлсен.

Главни фаварити сe Фабиано Каруана и првиот носител Кинезот Динг Лирен (Кина).

Партиите се играат по нокаут-систем, во секој дуел по две класични партии (по една дневно), а ако биде нерешено, третиот ден се игра тај-брејк со партии со забрзано темпо.