Каруана не го искористи лошиот ден на Карлсен, светскиот првак се спаси од пораз

Куарана

Светскиот шампион во шах ќе биде одлучен по долга и тешка битка, бидејќи ниту Магнус Карлсен, ниту Фабиано Каруана не попуштија по првите шест партии во Лондон.

Норвежанецот и Американецот вчера одиграа ново реми, во кое бранителот на титулата мораше да се брани до самиот крај, за на крај да поддаде рака за тековен резултат од 3-3.

По шест и пол часа игра и 80 одиграни потези на двете страни, американскиот шахист се чини може да жали за пропуштената победа. Карлсен се спаси во последните моменти и може да биде среќен што избегна пораз со оглед на незгодите во кои се најде во последната партија.

Тактичкото надмудрување ќе продолжи в недела, а светскиот првак ќе биде оној кој прв ќе сигне до 6,5 поени.