Карлсен запиша прв пораз по 125 партии и 800 дена

Карлсен

Светскиот првак во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, ја прекина серијата без пораз која траеше 125 партии.

Полскиот велемајстор Јан Кжиштоф Дуда направи подвиг и по 63 потези го порази големиот фаворит. 22-годишникот успеа да слави голема победа во петтата рунда од турнирот „Altaway Norway Chess“.

Норвешкиот шампион се судри со многу талентиран ривал, кој знаеше како да ги реши многуте стапици поставени од страна на ривалот и да одговори соодветно по раната губитничка позиција во која што се најде.

Последниот пораз за Карлсен датира од 31 јули во 2018 година. Тогаш подобар од него беше Шахријар Мамадјаров од Азербејџан. 

Претходниот рекорд беше во сопственост на Русинот Сергеј Тивиаков кој беше непоразен на 110 партии во низа.