• Иван Димовски

Второто коло на Катар Мастерсот во шах понуди големо изненадување. Поранешниот светски првак Магнус Карлсен загуби од Алишер Сулејменов. 23-годишниот Казахстанец го надигра големиот шаховски гигант. Неговата партија беше толку перфектна, што се не памети некој толку бргу и ефикасно да го надиграл Карлсен.
Сепак, по мечот Норвежанецот реши да се пожали. Имено, Сулејменов носел рачен часовник, а според зборовите на Карлсен, тоа го натерало да загуби конкуренција. Тој дури и го прашал судијата дали е дозволено Казахстанецот да има часовник .
„Целосно бев скршен во мојата игра. Не сакам да го обвинам ривалот за ништо, бидејќи покажа одлична игра и заслужено победи. Сепак, во моментот кога го видов дека носи рачен часовник, ја загубив можноста да се сконцентрирам. Секако дека преземам целосна одговорност за тоа дека не можев да ги контролирам мислите. Но, фрустрирачки е да гледаш како организаторите не ги земаат механизмите анти-мамење сериозно.
Го прашав судијата за време на мечот дали часовниците се дозволени. Тој ми објасни дека смарт часовниците се забранети, но не и аналогните. Тоа мене ми изгледаше против правилата на ФИДЕ за настани од оваа величина“, изјави Карлсен.
Сепак, Карлсен се огради од „обвинение“ за противникот, нагласувајќи дека само загубил концентрација.