Карлсен успеа да му се реваншира на „персискиот гениј“

Карлсен Магнус

Пред една недела светот остана шокиран поради поразот на Норвежанецот Магнус Карлсен од младиот 16-годишен талент Алиреза Фиружја од Иран. Но, не се чекаше долго најдобриот шахист на денешницата да му се реваншира на популарниот „персиски гениј“.

На второто соочување на „Бантер Блиц Купот“, 29-годишникот од Тонсберг славеше со 2,5-1,5. Тој ја доби првата и третата, а ја загуби втората партија.

На турнирот на кој настапуваат најдобрите осум шахисти на светот, Карлсен води со 5,5 бодови, пред Јапонецот Хикару Накамура со 4,5.

Во првата фаза се играат по седум кола од по четири брзопотезни партии (15 минути за секој играч, плус дополнителни десет секунди по секој одигран потег).

Најдобрите четири играчи на крај ќе играат завршен турнир за конечна победа.