• Иван Димовски
Најдобриот шахист на денешницата, а според многумина и на сите времиња, Магнус Карлсен на интересен начин го одбележа својот нов голем успех по освојувањето на светската титула во рапид шах.
Норвежанецот на Инстаграм сподели фотографија од Лука Модриќ, и тоа од неговото претставување во Реал Мадрид во 2012 година, на која хрватскиот капитен позира со дресот со број 19. Објавата дојде веднаш по новиот триумф на Карлсен, кој изминатиот викенд ја освои својата вкупно 19. светска титула.
До ова достигнување стигна со победата на Светското првенство во забрзан шах, што воедно беше негова шеста титула во оваа дисциплина, покрај петте во класичен и осумте во брзопотезен шах.
Карлсен одамна е познат како голем љубител на фудбалот и навивач на Реал Мадрид, а со оваа симболична објава очигледно ги спои двете свои страсти: шахот и „кралскиот клуб“.
