Карлсен сруши апсолутен рекорд на Тавијаков од 2005 година

Карлсен Магнус

Норвежанецот Магнус Карлсен испиша историја со ремито во 45 потези против Јорден ван Фореест.

Најдобриот шахист на денешницата успеа да го надмине достигнувањето на Сергеј Тивијаков од 2005 година. Рускиот велемајстор успеа да врзе 110 натпревари без пораз, податок кој сега е минато.

29-годишниот светски првак заостануваше на стартот, но потоа успеа да се врати и да се избори за реми. Тоа за него беше 111-ти меч по ред на кој не ја почувствувал горчината на поразот.

Карлсен важи за еден од најдобрите играчи на сите времиња и човекот кој руши рекорди како што одминуваат годините.