Карлсен со одличен финиш до светска титула во рапид шах

Светското првенство во рапид шах, кое се одржа во Доха, заврши со победа на Норвежанецот Магнус Карлсен. Рапид е дисциплина во која играчите имаат 15 минути за целата партија со додавање од 10 секунди по секој потег.

Во машка конкуренција учествуваа 247 играчи, вклучувајќи 164 велемајстори и 49 меѓународни мајстори. Со одличен финиш, Норвежанецот Магнус Карлсен ги престигна Русинот Владислав Артемиев и Американецот Ханс Моке Ниман и ја освои титулата светски шампион во оваа атрактивна дисциплина по шести пат. Во 13 кола, тој забележа девет победи, три ремија и само еден пораз.

Во женска конкуренција учествуваа 141 играч од 42 земји, а победничка е Русинката Александра Горјачкина.