Накамура немоќен, Карлсен ја освои титулата на онлајн турнирот

Најдобриот шахист на денешницата, Магнус Карлсен се закити со шампионскиот трофеј од онлајн турнирот „Magnus Carlsen Invitational Chess 24“.

Светскиот шампион во големото финале на овој турнир, кој самиот го организираше, славеше над големиот ривал Хикару Накамура, со резултат 2,5-1,5. 

На турнирот учествуваа осумте најдобри светски шахисти, а награден фонд беше 250.000 американски долари. 

Шампионот Карлсен за освоената титула заработи 70.000 долари, Накамура инкасира 45.000, додека Кинезот Динг Лирен и Американецот Фабиано Каруана поделија по 30.000 на третото и четвртото место. 

На петтото место заврши Јан Непомниахти од Германија (22.500 долари), младиот Иранец Алирез Фируџа заработи 20.000, Холанѓанецот Аниш Гири 17.500, а Французинот Максим Вашеи-Лазар, кој заврши како последен, доби 15.000 американски долари.