Карлсен се откажа од СП бидејќи не му дозволија да игра во фармерки!

Најдоброрангираниот светски шахист Магнус Карлсен се повлече од Светското првенство во забрзан шах. 

На претпоследниот натпреварувачки ден Карлсен се појави во фармерки, а организаторите го опоменаа за кршење на правилата и го казнија со 200 долари. Тоа го налути големиот шампион кој и реши да се повлече од натпреварувањето. 

„Тие можат да носат свои правила, тоа е во ред според мене. Сепак, мојот одговор е во ред, се откажувам е*ете се“, прокоментира Карлсен.

Карлсен се обиде да ја смири ситуацијата ветувајќи дека на последниот ден ќе го следи дрес-кодот. Сепак, организаторите од него барале веднаш да се пресоблече. Со одлуката да се повлече Магнус Карлсен ќе остане и без светската титула во рапид.

Доминацијата во светскиот шах на Карлсен трае од 2011 година кога го презеде првото место на рангирањето. Светската титула во класичен шах ја држеше од 2013 до 2023 година, а оваа се откажа поради недостиг на мотив.