• Горан Упале

На интернет страницата „Chess24“ започна он-лајн турнирот кој го организира најдобриот шахист на денешницата Магнус Карлсен.
На истиот учествуваат најдобрите осум шахисти во овој момент, а легендарниот Карлсен се намачи во првото коло, но ја запиша првата победа. По поразот од пред неколку дена од иранскиот тинејџер Фаруџ, денес Карлсен се судри со Американецот Хикару Накамура и извојува тесна победа од 3-2.
Во вториот денешен дуел, незгодниот Кинез Динг Лирен со 2,5-1,5 беше подобар од 16-годишниот Иранец.
Турнирот се состои од два дела, ќе се играат седум кола - секој со секого, по што најдобрите четири шахисти се квалификуваат во полуфиналето.