Карлсен продолжува со шаховските активности, ќе организира нови пет он-лајн турнири

Најдобриот шахист на денешницата Магнус Карлсен, продолжува со шаховските активности во периодот на пандемија со коронавирус. 

По успешно организираниот он-лајн турнир „Magnus Carlsen Invitational Chess 24“, апсолутниот светски шампион најави уште пет вакви турнири, вредни преку милион евра. „Карлсеновата турнеја“ ќе се одржи од мај до август, и практично ќе биде еден вид на замена за „Големите турнири“ (Grand tour), кои требаше да се играат во овој период. 

Првиот турнир привлече големо внимание кај спортската јавност, а освојувач беше токму Карлсен, кој во големото финале го совлада американскиот шампион Хикару Накамура, пред околу 114.000 гледачи на Интернет, на страницата „chess24.com“.