Карлсен победи во легендарниот тај-брејк и ја одбрани светската титула во шах

Норвешкиот шах-мајстор Магнус Карлсен ја одбрани светската титула во шах, откако во тај-брејкот доби три од четирите партии против големиот ривал Фабиано Каруана.

Двајцата играа крајно изедначено финале, кое се решаваше во тај-брејк. Дванесетте партии во регуларниот дел беа реми, а со три победи во четирите партии, Карлсен го одбрани тронот.

Досега во историјата само двапати се влегуваше во тај-брејк. Првиот пат тоа се случи во 2006 година на дуелот меѓу Крамник и Топалов, а вториот пат пред четири години на финалниот дуел меѓу Ананд и Гелфанд. 

Старо-новиот шампион ќе биде побогат и за 1.000.000 евра, награда која ја инкасира освојувачот на свеската титула.