Карлсен по седми пат и без пораз го освои најкултниот шаховски турнир

Светскиот првак во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен по седми пат победи на еден од најпрестижните турнири во светот, древниот турнир во холандскиот град Вајк ан Зе. По 13 кола Карлсен освои девет поени (пет победи и осум реми партии) и осигура уште една титула. 

Веднаш зад на второто место заврши Холанѓанецот Аниш Гири со 8,5, а третоопласиран беше Русинот Јан Непомнијашчи со 7,5 поени. Русинот Владимир Крамник со 4,5 поени беше последен 14-ти и претставува најголемо разочарување на турнирот.

Карлсен во Вајн ан Зе победуваше и во 2008, 2010, 2013, 2015, 2016 и 2018 година.

Ова беше 81-то издание на најстариот и финансиски најбогатиот турнир во светот на древната игра.