Карлсен падна во форма, загуби четири од девет партии во САД

Карлсен

Неприкосновениот светски број еден Магнус Карлсен го имаше најлошиот период во кариерата на турнирот „Grand Chess Tour de San Luis“ во САД.

Таму се играа брзи партии кои траат 25 минути и десет секунди, а Норвежанецот загуби четири од девет одиграни. Исто така тој го препушти првото место во брз шах на Максим Лашие-Лаграв кој успеа да го добие нивниот меѓусебен дуел на ова натпреварување.

Многумина гледаат на овој шок како недостаток на амбиција и мотивација кај големиот шампион. Некои други, пак, не сакаат да прифатат никакво оправдување кај светскиот првак кој е пример за сите генерации кои надоаѓаат.

На крај 28-годишникот го заврши турнирот на делба на петтата позиција заедно со Рапорт, Каруана и Карјакин.