Карлсен одигра премногу дефанзивно, седмо реми во низа во Лондон

Карлсен Каурана

Борбата за светската титула во шах помеѓу Магнус Карлсен и Фабиано Каруана во Лондон денес донесе и седмо реми во низа.

Бранителот на трофејот од минатата година денес започна со бели фигури, но одигра конзервативно и за него премногу дефанзивно, што наиде на чудење кај фановите. По три и пол час борба и 40 одиграни потези, шахистите си пружија рака и застанаа на резултат 3,5-3,5.

Следната партија е закажана за утре, а Американецот ќе ја има предноста да игра со бели фигури.