Карлсен нема конкуренција, по петти пат е светски шампион во шах

Норвешкиот шахист Магнус Карлсен по петти пат ja освои титулата светски шампион, откако извојува победа во единаесеттиот судир од пресметката со предизвикувачот Јан Непомњашчим и со вкупен резултат 7,5 - 3,5 дојде до посакуваниот трофеј. 

На овој дуел 31-годишниот Карлсен уште еднаш покажа дека е најдобриот играч на денешницата, иако се чини дека тоа можеше да го докаже многу порано.

Пресметката на годината се одржа во Обединетите Арапски Емирати, а наградниот фонд е два милиони евра - 60% од фондот оди кај победникот Карлсен, а 40% кај поразениот шахист од Брјанск. Ова беше најубедливата разлика во еден дуел за светската титула, откако пред точно сто години легендарниот Кубанец Хозе Раул Капабланка го победи Емануел Ласкер.

Карлсен, титулата велемајстор ја има од својата 13-та година, а досега во борбите за светски првак бил подобар од Индиецот Вишванатан Ананд (двапати), Русинот Сергеј Карјакин и Фабијан Каруана.