Карлсен не го победи Накамура, но го освои завршниот турнир на шаховските легенди

Светскиот шампион Магнус Карлсен е освојувач на завршниот турнир на шаховските легенди, откако во финалето го совлада Американецот Хикару Накамура, со резултат 4-3.

Во решавачкиот седми сет од двобојот, Карлсен славеше во првата партија, но Американецот набрзо возврати и израмни на 2-2, по што следуваа два дуели во брзопотезен шах. Но, откако ниту тие не го дадоа победникот, се играше дополнителен меч со временски хендикеп (пет напротив четири минути), кој исто така заврши без победник.

Но, иако последниот сет заврши со резултат 3,5-3,5 титулата му припадна на Карлсен затоа што светскиот шампион во последната партија играше со црни фигури.

Норвешкиот велемајстор со освоеното прво место се здоби со награда од 140.000 американски долари.