Карлсен на чекор од одбрана на светската титула

Магнус

Магнус Карлсен од Норвешка е на чекор од одбрана на светската титула. Во овогодишното финале тој ги максимизира грешките на Русинот Јан Непомњашчим и поведе со 5-3.

До крајот на финалното соочување остануваат уште шест партии. Засега предноста е на страна на норвешкиот велемајстор, кој искористи едно невнимание на својот противник во средината од последната партија.

Карлсен со едноставна игра ги замени своите фигури, ловец и топ, а на крајот остана со два пиони повеќе од Непомњашчим, што беше доволно рускиот претставник да се предаде во 48. потег.

Со оглед на квалитетот, тешко е да се верува дека Јан ќе има било какви шанси да му застане на патот на Карлсен на уште една светска титула.