Карлсен ја доби драмата со Лирен, за титулата на онлајн турнирот против Накамура

Карлсен

Светскиот првак во шах Магнус Карлсен успеа да се пласира во финалето на онлајн турнирот „Magnus Carlsen Invitational Chess 24“.

Во полуфиналната пресметка, Норвежанецот беше подобар од кинескиот шахист Динг Лирен со резултат 2,5-1,5. 

Второто полуфинале донесе американска пресметка која му припадна на Хикару Накамура. Тој го доби дуелот со Фабиано Каруана со 4-2.

Турнирот започна на 18 април и има награден фонд ос 230.000 евра.