Карлсен: Имав многу среќа при соборувањето на рекордот

Норвешкиот велемајстор Магнус Карлсен пред неколку дена постави нов светски рекорд според бројот на одиграни партии без пораз. Актуелниот светски првак стигна до 101 партија без пораз и овој рекорд има перспектива уште долго да остане недопрен.

На турнирот во Англија, Карлсен остана непоразен и го сруши рекордот кој беше во сопственост на Кинезот Лирен Динг, а изнесуваше точно 100 партии во низа.

„Никогаш не ни помислував дека можам да постигнам такво нешто, но морам да признаам дека имав и среќа низ овие стотина партии“, рече Карлсен по соборувањето на рекордот.

28-годишниот Карлсен не загубил ниту една партија уште од 31 јули минатата година, а во рекордот вгради 33 победи и 68 реми партии.