Карлсен и Каруана одиграа трето реми во борбата за светската титула во Лондон

Карлсен

Бранителот на светската шаховска титула Магнус Карлсен и Американецот Фабиано Каруана одиграа трето реми во низа во финалната борба во Лондон.

Норвежанецот започна лошо и му дозволи на противникот да ја преземе иницијативата, но на крај се врати и правеше притисок врз својот противник, за по 49 одиграни потези да биде одиграно ново реми. Моменталниот резултат е 1,5-1,5, а победник ќе биде првиот кој ќе стигне до резултат од 6,5.

Предноста е на страната на светскиот шампион од Норвешка, кој до крајот ќе одигра уште пет партии со белите фигури. 

Каруана се обидува да стане првиот американски шахист кој по Боби Фишер во далечната 1972 година ќе се закити со светската титула.

Четвртиот меч се игра в четврток во универзитетот Холборн во Лондон.