Карлсен и Каруана одиграа реми и во петтата партија

Светскиот шампион Магнус Карлсен и неговиот предизвикувач Фабиано Каруана одигра реми и во петтата партија, за титулата во Светската шаховска лига, во битката која се бие во Лондон.

По денешното реми по 34-тиот потег на шахистите од Норвешка и САД, резултатот на двајцата останува изедначен - 2.5:2.5 поени. Шестата партија ќе се одржи во петок, а Карлсен ќе игра со белите фигури. 

Шаховскиот шампион ќе биде познат најдоцна до 28 ноември, а наградниот фонд изнесува нешто повеќе од еден милион евра.