Карлсен и Каруана ќе играат по забрзано темпо за светската круна

Магнус Карлсен и Фабијано Каруана ќе играат тај-брејк за да се дознае новиот светски првак во шах. По ремито во дванаесеттиот меч, резултатот е 6-6 и потребни се дополнителни партии за да се добие победникот. 

По 31. потег Карлсен и Каруана се согласија на реми, единствениот епилог во 12-те партии, што ја покажува изедначеноста на шахистите. В среда започнува последниот циклус во кој ќе се одиграат четири партии во забрзан шах (25 минути + 10 секунди).

Ако и тогаш нема победник следуваат пет блиц партии (5 минути + 3 секунди) и ако тогаш резултатот биде нерешен, следува мајсторка.