Карлсен го зададе првиот удар и поведе во големото финале по грешката на Каруана

Карлсен шах

Норвежанецот Магнус Карлсен ја запиша првата победа во големото финале за светска шаховска титула во Лондон против Фабио Каруана од САД.

Бранителот на титулата го доби првиот од четири предвидени тај-брејка и поведе со 1-0 по 55 одиграни потези.

Американскиот шахист направи грешка при потегот број 37, кога го одзеде пионот на Карлсен, наместо да го стави противничкиот крал под шах.