Карлсен ги искористи грешките на Непомњашчим и поведе во големото финале

Карлсен

Магнус Карлсен стигна до предност во борбата за светската шаховска титула против Јан Непомњашчим.

Норвешкиот велемајстор ја доби најдолгата партија во историјата во борбата за светска титула. Русинот направи шест грешки, кои на крај го чинеа болен пораз.

Карлсен ја дочека грешката кај противникот и максимално ја искористи во самата завршница. Борбата траеше 136 потези, што е апсолутен рекорд во историјата на шахот, кога е во прашање финалната борба за титула.

До крајот на финалето остануваат уште осум партии. Карлсен засега ја има предноста на својата страна и ќе треба да ги одбие нападите на Русинот, ако сака одново да стане светски шампион.