Карлсен доби уште една партија, Непомњашчим попушта во финалето

Карлсен

Магнус Карлсен доби уште една партија и поведе со убедливи 6-3 во финалето за светска титула против Јан Непомњашчим.

Норвежанецот денес играше со црни фигури и искористи нов лош ден на својот противник. По една голема грешка, Русинот стана од масата и не се појави петнаесет минути. Ниту долгата пауза не му помогна, бидејќи Карлсен ја доврши работата и запиша нова победа.

Со оглед на моменталниот резултат, јавноста смета дека финалето е готово и очекува норвешкиот велемајстор лесно да се израдува на титулата светски првак. До крајот на финалната пресметка остануваат уште пет партии.

Неизвесноста во финалето траеше пет-шест партии, а потоа започна доминацијата на бранителот на светскиот трон.