• Сашо Поповски

Магнус Карлсен победи на сите девет партии на онлајн турнирот „chess24 Legends of Chess“, но и покрај тоа не е задоволен од своите настапи.
Норвежанецот е еден од четирите полуфиналисти, а за да ја објасни формата во која што се наоѓа, искористи фудбалска метафора. Поточно себеси се спореди со Роберт Левандовски и Роберто Фирмино.
„На последните неколку средби, ако искористам фудбалска метафора, добивам шанси како Левандовски, а ги користам како Фирмино. За тие што не гледаат фудбал тоа е штета. Но, последните две партии беа добри за мене“, изјави светскиот првак.
Последна „жртва“ на норвешкиот велемајстор беше Владимир Крамник кого го победи со сигурни 3-1.
Победникот на овој турнир ќе инкасира 150.000 американски долари.