Карлсен: Алкалоид е фаворит, но ние ќе се обидеме да одиграме најдобро

Карлсен

Европскиот Клупски Куп 2021 оваа година се одржува во Струга, а македонската јавност има можност да ужива во присуството на прворангираниот шахист на денешницата Магнус Карлсен.

Македонија на овој турнир настапува со четири екипи во машка и исто толку во женска конкуренција. На турнирот ќе има гости од Австрија, Монако, Русија, Словенија, Холандија, Норвешка, Луксембург, Шпанија, Шведска, Србија, Швајцарија...

„Среќен сум што слушам дека има интерес за шахот во Македонија. Возбуден сум што ќе настапам тука. Се надевам дека мојот тим ќе биде конкурентен. Аутсајдери сме во однос на ШК Алкалоид, но ќе се обидеме да одиграме најдобро“, рече Карлсен за „24ТВ“.

Натпреварите во Струга започнаа на 17, а се очекува да траат до 25 септември.