Калин од Гамбит Асеко победник на првиот шаховски турнир за млади категории

Во организација на ПСУЈахја Кемал – јуниор и ШК Гамбит Асеко-СЕЕ од Скопје во периодот од 21 до 27 декември ги организираа првите бергер тирнири во Македонија за млади играчи. Во услови на пандемија, по сите протоколи на ФИДЕ и шаховската федерација на Македонија во просториите на ПСУ Јахја Кемал – јуниор, турнирите поминаа во најдобар можен ред. Организирани беа два турнира, едниот за рејтингувани играчи (истиот е пријавен во ФИДЕ за рејтингување) и вториот за играчи кои само што навлегуваат во тајните на шахот.

Кај најмладите, сосема заслужено првото место го освои осумгодишниот Павел Крстевски со 5 поени од 6 партии, член на ШК Гамбит Асеко-СЕЕ од Скопје. Второпласиран беше гостинот од ШК Куманово, Константин Јосевски  со 3,5 поени од 6 партии, додека третото место го поделија Делфина Огњановска и Анастас Стојаноски со 3/6, исто така од  ШК Гамбит Асеко-СЕЕ од Скопје.

На рејтингуваниот турнир се водеше возбудлива битка до последната партија во која се реши и победникот на турнирот. По тричасовна битка Андреи Калин успеа да го победи Џеладини Валтон кој водеше цело време на турнирот испуштајќи го првото место во последната партија.

Врвот на конечната табела го доби следниот изглед:

1. Андреи Калин 7 поена од 9 партии (Гамбит Асеко-СЕЕ - Скопје)
2. Џеладини Валтон 6,5/9  (Куманово)
3  Моника Жежовска 6/9 (Гамбит Асеко-СЕЕ - Скопје)
4. Даниел Стефаноски 6/9 (Гамбит Асеко-СЕЕ - Скопје)
5. Ѓорѓи Цветковски 6/9 (Алкалоид – Скопје)

Најпријатно изненадување на турнирот е осумгодишниот Даниел Стефаноски кој успеа да дојде до делба на третото место покажувајќи голема борбеност и самодоверба играјќи со доста повозрасни противници и со сигурнуст претставува голема надеж на Македонскиот шах.
Овие турнири се покажаа како вистински потег во вистинско невреме и ќе претставуваат единствена надеж за сите деца кои шахот е повеќе од игра, да останат во форма и секако да напредуваат играјќи на вистински реални шаховски турнири. На крај би сакал да ги поканам сите млади шахисти кои сакаат да учествуваат на вакви бергер турнири да се пријават на следните турнири „Млади Надежи“ кои треба да се закажат за месец февруари.