Јани Богоевски победник на Новогодишниот брзопотезен турнир во шах во Битола

Во „Пионерски Book Bar“, во организација на шаховскиот клуб Стево Патако од Битола, се одржа Новогодишниот брзопотезен шаховски турнир, кој имаше награден фонд од 20.000 денари. На турнирот беа пријавени 41 шахист од повеќе шаховски клубови од Македонија, за кои организаторот се одлучи да не плаќаат котизација, а наградниот фонд го обезбеди шаховскиот турнир Стево Патако од Битола.

Победник на Новогодишниот брзопотезен шаховски турнир е Фиде мајсторот Јане Богоевски од Битола со максимален број на 9 поени според швајцарскиот систем. Второпласиран е Томе Тодоровски од Битола со 8,5 поени, а третопласиран заврши Дејан Ѓоргиески од Прилеп со 8,5 поени.

Највозрасен шахист на Новогодишниот брзопотезен шаховски турнир беше Александар Лајмановски од Битола, кој има 86 години, а освои пет поени.