Јан Непомнијашчи се издвои на врвот на турнирот на кандидатите во Екатеринбург

По пет одиграни кола на турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак во шах, кој се игра во Екатеринбург (Русија), на врвот изби рускиот велемајстор Јан Непомнијашчи, откако вчера го победи Кинезот Хао Ванг. Во серијата на поделба на поенот, оваа победа беше единствена во петтото коло. 

Холанѓанецот Аниш Гири имаше добиена позиција против Фабијано Каруана, но Американецот се спаси и партијата заврши со реми во 42-от потег. Русинот Александар Гришчук и Кинезот Динг Лирен исто така ремизираа.

Непомнијашчи води со 3,5 поени, Вашер-Лаграв го следи со 3, а Каруана, Ванг, Гришчук освоија по 2,5 поени.

Попладнево се играат партиите од шестото коло, од вкупно четиринаесет колку што се планирани на турнирот.