• Редакција Gol.mk
Македонскиот шах тагува. Вчера на 89-годишна возраст во Битола почина Борче Илиевски, шахист велемајстор, член на ШК Стевче Патако. Почина човекот кој во август 1967 година ремизираше со Боби Фишер, светска шаховска легенда.
Борче Илиевски е роден во 1935 година во битолското село Ѓавато. Илиевски започна да игра шах на 11-годишна возраст, кога започнува да ги влече првите потези на шаховската табла, на еден пионерски камп во потпелистерското село Цапари. На свои 16 години, во далечната 1951 година го има својот прв настап на младинското првенство на Македонија. Настапувал за битолската шаховска екипа Стево Патако, со кој трипати бeше републички шампион и четири пати пат го освојуваваше шаховскиот Куп на Македонија. Во 1967 година кога битолскиот шах го живееше своите звездени моменти беше републички првак со 12,5 поени од вкупно 15 поени.
Борче Илиевски пред неколку години во Битола, на плоштадот Магнолија, заедно со својот помал брат Димче пред битолчани ја презентираа партијата на Борче со Боби Фишер која што се одиграла во 1967 година на турнирот „Средба на солидарноста“ што се одржа во Скопје, а партијата заврши со реми. Ремито со Фишер беше на првите страници на сите весници во тогашна Југославија, а не остана назабележано и во светските специјализирани весници за шах.