Хрватот Иван Шариќ е нов европски првак во шах

Хрватот Иван Шариќ е нов европски шампион во шах, откако како големо изненадување собра 8,5 поени од 11 партии на првенството на стариот континент во грузискиот град Батуми. Во конкуренција на 302 шахисти од 35 земји, меѓу кои 134 велемајстори, сплиќанецот оствари учинок од осум победи, две реми партии и само еден пораз.

Шпанецот Давид Навара го освои второто место, откако ја загуби одлучувачката партија против Шариќ, а Русинот Сјугиров го освои третото место.

За време на инвидуалниот шампионат, симулатанка со најмладите одигра првиот човек на европскиот шах, Зураб Азмаипарашвили.