• Горан Упале

Машката репрезентација, со победите на првите две табли на Евгени Романов и Тони Лазов и ремито на Емил Ристески на третата табла, оствари значителна победа (2.5-1.5) против далеку подобро рангираната репрезентација на Швајцарија.
Додека женската репрезентација играше против репрезентацијата на Тринидад и Тобаго и оствари нерешен резултат (2-2).
Со денешната победа подмладената машка репрезентација во моментов е на 25-тото место од 189 репрезентации, додека женската репрезентација во моментов е пласирана на 84-тото место од 170 репрезентации.
Во осмото коло машката репрезентација ќе има уште еден тежок меч против репрезентацијата на Полска, додека женската репрезентација ќе игра против Јужна Африка.