• Зоран Мишевски
Гоце Георгиев го освои првото место на Меморијалниот шаховски турнир „Тодор Милосиев Тошо“ што се одржа во спомен на еден од најдобрите кочански шахисти. Шаховскиот мајстор Георгиев освои 6,5 поени на седум одиграни меча.
Второто место му припадна на Емануел Анеловски со 6 поени, додека третото место го поделија Влатко Јовановски и Меџит Куртовиќ со 5 поени. На прогласувањето на победниците, присунтите шахисти ги поздрави и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов.
На турнирот, што го организираше ШК Кочани чиј член беше Милосиев, учествуваа 26 шахисти кои играа по Швајцарски систем во седум кола.
Марија Георгиева, ќерка на Тодор Милосиев се заблагодари на сите учесници на турнирот преку кој се чува споменот на нејзиниот татко. Притоа, Марија на шаховската табла го направи првиот потег и со тоа го отвори турнирот.
Организатор на меморијалниот турнир за најдобрите шахисти обезбеди пехари и плакети.