Гоце Гецовски победник на брзопотезниот пелагониски шаховски турнир

Викендов во Битола се одржа брозпотезен турнир во шах во организација на ШК Стево Патако од Битола и ШК Прилеп. Турнирот се одигра во девет кола по швајцарски систем според ФИДЕ правилата за брзопотезен шах, каде играчите добиваа по 5 минути со додаток 3 секунди по потег.

Првото место на турнирот го освои битолчанецот Гоце Гецовски, второто му припадна на Кире Николоски од Прилеп, а третопласиран е Дејан Ѓоргески од Прилеп. Најдобропласиран играч до 18 години е Марјан Христовски од Битола.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски го отвори турнирот во Офицерскиот дом во Битола.