Георгиев со победа го отвори Светскиот Куп во шах во Сочи

Вчера во рускиот град Сочи започна Светскиот Куп во шах, на кој учествуваат 206 шахисти и 103 шахистки. На брегот на Црното море единствен македонски претставник е велемајсторот Кирил Георгиев. Тој со победа го почна турнирот, откако во првото коло нсо бели фигури го совлада белгискиот велемајстор Александре Дгебуадѕе.

Првото коло се игра во две добиени партии. Најдобрите педесет шахисти со највисок рејтинг се слободни, а преостанатите 156 шахисти преку елиминациски дуели ќе ги одредат преостанатите 78 учесници. Целта на Георгиев е да го мине првиот филтер и да заигра со најдобрите светски шахисти.

Овој турнир е подготовка и за Купот на шампионите, кој ќе се одржи следниот месец во нашата земја.