Гамбит Асеко СЕЕ со супер-млада екипа на Клупскиот Куп во Улцињ

Женскиот клупски Куп во шах годинава ќе се одржи во Улцињ, Црна Гора од 10 до 16 ноември, нашата земја ќе ја претставува екипата на Гамбит Асеко СЕЕ. 

Боите на Гамбит Асеко СЕЕ ќе ги бранат младите бугарски шахистки, женскиот велемајстор (ЖВМ) Нургул Салимова (16), ФМ Белослава Крстева (15), женскиот интернационален мајстор (ЖИМ) Габриела Антова (17) и македонскат репрезентативка Ивана Манова (18). 

Во машка конкуренција ќе настапи Алкалоид, кој во 2016 година стана европски првак, а во 2017 беше вицешампион.

Овој шампионат е последна клупска активност за шаховската 2019 година.