Филип Панчевски победи на возобновениот шаховски турнир „3 ноември“

Македонскиот велемајстор Филип Панчевски, член на ШК Алкалоид, победи на турнирот во забрзан шах „3 ноември“, кој се одржа во чест на роденденот на Прилеп.

Панчевски освои 7,5 поени од 9 партии и во директниот дуел за прво место на турнирот го победи хрватскиот велемајстор Анте Сариќ. Прилепчанецот Звонко Станојоски го освои второто место, а интернационалниот мајстор Борољуб Златановиќ од Србија беше третопласиран.

Талентираниот Тони Лазов на крајот заврши на четвртото место, а Дејан Динев и Никола Николовски завршија на петтото и шестото место. Моника Стојковска доби признание за најдобра натпреварувачка на турнирот. 

Турнирот кој годинава се возобновува, свечено го отвори градоначалникот Илија Јовановски.