Филип Панчевски победи на турнирот во забрзан шах „Опен Скопје“

Интернационалниот мајстор Филип Панчевски е победник на шаховскиот турнир во забрзан шах „Опен Скопје“, кој заврши овој викенд.Членот на Алкалоид победи во конкуренција на 107 шахисти од сите македонски клубови.

Панчевски освои 9,5 поени и го победи репрезентативниот колега, велемајсторот Кирил Георгиев со девет поени. Третото место го освои интернационалниот мајстор Дејан Стојановски со 8,5 поени.

Најдобропласирана шахистка е Ивана Манова, која со 6,5 поени го освои 28. место.