ФИДЕ ја помести Олимпијадата во Москва за следното лето

Светската шаховска федерација (ФИДЕ) вчера соопшти дека Шаховската олимпијада која беше закажана од 5 до 17 август оваа година во Москва, како се одложени за истите термини во 2021 година.

„Длабоко сме загрижени за растечката пандемија на коронавирусот, слушаме за постојан пораст на заболени луѓе во светот, па одложувањето на Олимпијадата и конгресот на ФИДЕ е единствена логична одлука.

Ќе продолжиме напорно да работиме за да поддржиме шаховските активности, но приоритет ни е здравјето на целата шаховска заедница“, се вели во соопштението на советот на ФИДЕ.

Календарот се очекува да претрпи минимални промени за време на летото, но наесен и посебно следната година турнирите и манифестациите ќе бидат натрупани. Минатата недела беше одложено и Европското инвидуално првенство во шах во Словенија, а новиот термин е декември оваа година.