ФИДЕ ја наслови наградата за фер-плеј во легендарниот Светозар Глигориќ

Големата шаховска легенда Светозар Глигориќ доби големи признание од Светската шаховска федерација. Наградата за фер-плеј во шахот насловена „Светозар Глигориќ“ прпват ќе биде доделена на 44-тата Шаховска олимпијада, која ќе се одржи во август годинава во Москва.

Оваа одлука беше донесена денес на конгресот на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) во Абу Даби. Наградата беше одобрена минатата година, а годинава комисија во состав: Махир Мамедов, Јудит Полгар и Еугенио Торе ќе го избере добитникот.

Гест и однесување за време на спортски настан, придонес во популаризацијата на вредностите и принципите на шахот, поддршка и промоција на иницијативи за спроведување високи етички вредности и стандарди, почитување и тимски дух се одликите кои треба да ги има освојувачот на признанието. 

Глигориќ почина во 2012 година, неговиот култ со децении се апострофира на овие простори како симбол за коректност и фер-плеј.