ФИДЕ избра нов претседател, втор најмлад во историјата

Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) има нов претседател, а тоа е казахстанскиот милијардер и бизнисмен Тимур Турлов. Изборите се одржаа на 26 септември 2026 година за време на генералното собрание на ФИДЕ во Самарканд, Узбекистан, во рамките на 46-тата Шаховска олимпијада.

Турлов има 38 години и со тоа стана најмладиот избран претседател во поновата историја на ФИДЕ. Официјално, тој е вториот најмлад претседател во целата историја на организацијата. Рекордот за апсолутно најмлад претседател сè уште го држи Русите Кирсан Иљумжинов, кој во 1995 година застана на чело на ФИДЕ на 33-годишна возраст.

Турлов победи во вториот круг со 110 гласови, а дел од неговиот победнички тим е и индиската шаховска легенда и петкратен светски шампион, Вишванатан Ананд, кој беше избран за потпретседател на ФИДЕ. Турлов доаѓа на местото на Аркадиј Дворкович, кој ја водеше организацијата од 2018 година.