Европското првенство во шах поместено од лето за зима годинава

Иако шаховските турнири редовно се играат и покрај пандемијата од коронавирусот, Европско поединечно првенство е одложено за некои подобри времиња. Европската шаховска унија се договори со домаќинот Словенија наместо од 17 до 30 мај, шампионатот на Европа во шах да се одржи 8 до 21 декември.

Некои од шахистите може да се повлечат и покрај пријавата, но ќе ги добијат вложените средства назад. Наградниот фонд на шампионатот во Европа изнесува 100.000 евра, од кои 20 илјади евра за првото место.

Владислав Артемиев ќе го брани златниот медал од последниот континентален собир одржан во Скопје. Пред инвидуалното Европско првенство, од 3 до 6 декември во полскиот град Катовице ќе се одржи шампионатот на континентот во забрзан шах.