• Зоран Мишевски

По повод празникот „11 октомври“, Шаховскиот клуб Прилеп и Општина Прилеп ќе организира еднодневен турнир во забрзан шах. Турнирот ќе се рејтингува за „рапид листата“ на ФИДЕ, а в сабота во салата на Студентскиот центар „Орде Чопела“ во Прилеп ќе настапи и европскиот првак, велемајсторот од Хрватска, Анте Шариќ.
Предвидено е да настапат голем дел од најдобрите македонски шахисти, посебно специјалистите за забрзан шах. Темпото за игра на рапид турнирите е 15 минути за секој играч, плус пет секунди за секој потег.
Наградниот фонд на турнирот, кој ќе стане традицинален, изнесува 79.000 денари, а првата награда е 15.000 денари.