Два нови порази на македонските селекции на шаховската Олимпијада во Индија

Четвртиот ден од шаховската Олимпијада во Индија донесе нови порази на нашите селекции.
Машката репрезентација со 0.5-3.5 беше поразена од селекцијата на Чешка. Образот на репрезентацијата го обели искусниот репрезентативец Звонко Станојоски, кој на првата табла ремизираше со Давид Навара, но не ја доби поддршката од останатите репрезентативци.

Женската репрезентација, пак, се соочи со Турција, и, иако Ивана Манова на првата табла и Леа Ефтовска на третата табла пружија одличен отпор и изиграа борбено до пред самиот крај, сепак конечниот резултат беше пораз на нашата репрезентација од 0-4.

Утре, машката репрезентација игра против репрезентацијата на Велс, а женската репрезентација против Тајланд. По четири кола во машка категорија во водство е репрезентацијата на Индија 2, додека нашите претставници се на делба на 89. место.

Во женска конкуренција во водство е репрезентацијата на Азербејџан, додека нашата репрезентација е на 103. место.