• Зоран Мишевски
Во организација на шаховскиот клуб „Ласкер“ и со поддршка на Општина Охрид во ООУ „Братство Единство“ се одржа третиот рапид турнир во шах „Езерски бисери 2024”. На турнирот зедоа учество 81 напреварувач од Република Македонија и истиот се одвиваше по швајцарски систем во девет кола.
На свеченото отворање на турнирот во името на Локалната самоуправа свое обраќање имаше советникот во Советот на Општина Охрид, Наум Јамандиев.
„Овогодинешната бројка на пријавени учесници значи дека овој шаховски турнир полека но сигрно прераснува во една важна манифестација, која го позиционира Охрид помеѓу шаховските центри во нашата држава и во регионот. Шахот е еден вид на хармонија помеѓу талентот и интелектот, каде што секој потег на таблата е еден чекор кон победа, а секоја нова победа чекор кон врвно мајсторство. Горди сме на сите млади таленти и успешни шахисти кои освојуваат бројни награди и од кои очекуваме уште поголеми успеси во иднина. Упатувам искрени честитки и благодарност до организаторите на овој турнир со надеж дека оваа традиција ќе продолжи во континуитет и во иднина ќе може да бидеме домаќини на вакви случувања. Општина Охрид како и до сега, ќе продолжи да ги поддржува спортските настани и да ги стимулира младите теленти“, истакна Јамандиев во своето обраќање.
Наградени шахисти:
1. Дејан Ѓорѓиески (ШК Пелагон Прилеп)
2. Марјан Дамчески (ШК Пелагон Прилеп)
3. Кире Николоски (ШК Прилеп Прилеп)
4. Велкоски Стојан (ШК Алкалоид Скопје)
5. Ахмет Салмани (ШК Гостивар Гостивар)